Грејс Џонс пристига на 5 јули – ќе остане во Скопје три дена


Фото: Б. Грданоски

Скопје и цела Македонија со нетрпение го очекуваат концертот на Грејс Џонс (75) на Стадионот на АРМ на 6 јули, кој организаторот „Авалон“ го најавува како 90- минутен музички и визуелен спектакл. Пејачката, актерка и манекенка од Јамајка ќе настапи во рамките на музичкиот фестивал „Скопје колинг“, а фотографирањето ќе биде дозволено само на првите три песни. 

Grace и нејзинoто tour party, сочинето од 30- тина луѓе, пристигнуваат во Скопје во петок, на 5  ти јули. Додека останатите заминуваат веднаш после концертот, Grace Jones oстанува во Скопје цели 3 дена, после што ја продолжува својата летна турнеја во Лондон.

„Кога се нејзините барања и рајдер во прашање – oд изборот на вино, шампањ и морска храна, до техничките спецификации за звук и светло, слободно можеме да кажеме дека се работи за најспецифичниот и најдетален рајдер кој сме го имале досега“, велат од Авалон. 

Grace Jones е една од најекстравагантните и најоригинални појави во современата поп-култура,  позната по нумерите  Некои од нив се ‘Musical mastermind, ‘Amazing Grace’, ‘Timeless’, ‘Art aristocrat’, ‘True diva’, ‘Goddess of Rhythm’, ‘Pop culture icon’, ‘Fashion Icon’, ‘Vamp Woman’…La vie en rose , а покрај сето тоа, таа е и Super Model и Movie Star“…

Откако прво се пробила како манекенка, Џонс ја почнала музичката кариера во 1977, станувајќи една од најпрепознатливите личности на њујоршката диско сцена, за подоцна да ги прошири своите музички интереси кон реге, поп и фанк. Своите најуспешни албуми ги објави во 1980-тите, меѓу кои се истакнуваат „Nightclubbing“ и „Slave to the Rhythm“.

Џонс паралелно градеше и актерска кариера, па глумеше и во „Поглед на убиство“ заедно со Роџер Мур  од серијалот за Џејмс Бонд.

Грејс Џонс низ очите на уметникот Михаил Корубин, во стилот на @artokens