Skip to content

08/04/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Грчките медиуми за вчерашниот состанок на министрите на ЕУ за европската перспектива на Македонија и Албанија

16/10/2019 08:16

Грција– „Совет за општи работи на ЕУ: Блокада на преговорите со Албанија и Северна Македонија“; „Не за Скопје и Тирана за почеток на пристапни преговори“; „Француска блокада на пристапните преговори на Скопје и Тирана“; „Франција- Холандија: Ја блокираат интеграцијата на С.Македонија и Албанија во ЕУ“; „Француско вето за пристапните преговори на Албанија и С.Македонија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми по вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ.

Медиумите во Грција, го пренесуваат текстот од државната новинска агенција АНА-МПА, како и од светските агенции, ја цитираат изјавата на комесарот за проширување и на финската министерка за европски прашања, но и објаснуваат дека за датумот за двете земји ќе се разговара на Самитот на Унијата на 17 и 18 октомври.

-Советот за општи прашања на ЕУ не даде зелено светло за почеток на пристапни преговори со С. Македонија и Албанија, бидејќи Франција не се согласи, а некои други земји беа воздржани, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА на почетокот од текстот.

– Вето за прашањето за пристапните преговори за Албанија и за Северна Македонија стави Франција. Во ова прашање, француско -германската оска е поделена, при што Меркел и Макрон доаѓаат со различни позиции на самитот на ЕУ, објави грчката државна телевизија „ЕРТ“.

-Министрите на ЕУ не успеаја да стигнат до договор за почеток на пристапни со Северна Македонија и Албанија, пишува „Ефимерида тон синдактон“.

-По оваа разврска, случајот се упатува на Самитот што ќе се одржи на 17 и 18 октомври во Брисел, кој веќе има огромна агенда што го вклучува Брегзит, но и случувањата во Сирија, објави грчката телевизија „Скај“.

Веста за состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ и недонесената одлука за Северна Македонија и Албанија се најде и во денешните изданија на грчките весници.


Поврзани содржини

Државно првенство на бармени во Скопје
08/04/2026 07:04
Без струја одредени делови од Скопје
08/04/2026 07:04
Нова поштенска марка по повод 50 години Кинотека на Македонија
08/04/2026 07:04
Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди
08/04/2026 07:04

Ѓорѓиевски му понуди шеќер и вода на Симоновски од СДСМ – го прати и на планински масив
07/04/2026 20:04
Законот за правична и соодветна застапеност доби зелено светло од Владата
07/04/2026 18:04
Алиу: Науката како двигател на подостапно здравство – одбележан 7 април, Светски ден на здравјето
07/04/2026 18:04
Состојбата со Рашче е стабилна, се испитуваат три позиции во Скопје, кои би биле алтернатива
07/04/2026 17:04

Најчитани


  • Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово
    05/04/2026 18:10
  • Американци ќе копаат антимон во Македонија, Мицкоски го нуди и „Чебрен и Галиште“
    07/04/2026 12:29
  • Драматично предупредување од ЕУ: Подгответе се за најлошото, ова ќе биде долга криза
    03/04/2026 16:19
  • Дури 210.000 Македонци докажале дека имаат бугарско потекло, тврди Софија
    03/04/2026 14:43
  • Иран ја предупреди Бугарија
    01/04/2026 14:48
  • Кај новиот „Лидл“ во Кавадарци ќе се гради кружен тек
    03/04/2026 12:40

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење