Граѓаните за корупцијата во здравството: „Доктор Рушвет“ најдобро лечи!

Последната анализа на Институтот за демократија за состојбите во здравството, именувана со наслов „Доктор Рушвет: Анализа на фокус групи за корупција во здравството“, открива дека неформалните плаќања, подароци и „врски“ се претвораат во неизбежна влезница за навремена и квалитетна здравствена грижа во државата.
-Како изгледа здравствениот систем кога вашето здравје зависи од тоа дали имате пари, врски или време да чекате термин? Во најновото истражување на Институтот за демократија, ги слушнавме гласовите на граѓаните, од урбани и рурални средини, со различен економски статус и животни искуства кои отворено зборуваа за својата реалност во јавниот и приватниот здравствен систем. Анализата открива дека:
- Неформалните плаќања, подароци и „врски“ се претвораат во неизбежна влезница за навремена и квалитетна здравствена грижа;
- Економската состојба директно го одредува пристапот до лекување;
- Јавното здравство е во сенка на приватниот сектор, кој не секој може да си го дозволи;
- Пациентите се соочуваат со недостаток на термини, дискриминација и злоупотреба на довербата;
- Неказнивоста и недовербата во институциите ја гушат мотивацијата за пријавување на корупција.
- Дури 40% од учесниците во фокус групите изјавиле дека дале поткуп или подарок за да добијат здравствена услуга. Износите варирале од 200 денари до 2.000 евра.
- Во 2023 година, во здравствениот систем биле вработени 32.686 лица, од кои 6.225 лекари. Северна Македонија има 449 болнички кревети на 100.000 жители, далеку под просекот на ЕУ (524).
- Недостигот на достапни термини е еден од најголемите предизвици. Граѓаните често мораат да користат поткуп или лични врски за навремен пристап.
Но, не е сè мрачно. Истражувањето бележи и светли примери, лекари со интегритет, професионалност и исклучоци кои покажуваат дека промена е можна. Истражувањето го разгледува и ставот на граѓаните за тоа што треба да се преземе: од повисоки плати и повеќе кадар, до јасни санкции за злоупотребите.
Во заклучоците стои дека
Анализата има за цел да ги истражи разликите во искуството со и перцепцијата за корупција во здравство кај граѓани со различна економска моќ, социјален статус и потекло или место на живеење. Во рамки на оваа анализа, беше спроведено квалитативно истражување, односно осум фокус групи во сите осум плански региони, во кои учество земаа 81 лице. Особено се внимаваше учесниците да доаѓаат од домаќинства со различен приход и да имаат контакт со јавното здравство во изминатите 12 месеци, стои во анализата која може да се прочита на овој линк: https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2025/07/Analiza_zdravstvo_fokus_grupi.pdf