Граѓаните во Љуботен револтирани го изнесоа тутунот


Фото: Независен весник - од полициската акција во Љуботен
По големата полициска акција што се спроведува од утрово во селото Љуботен, селаните револтирани го изнесоа тутунот надвор и велат ако имаат друга работа, нема да работат тутун.
„Нека ме вработи, јас нема да ја работам ова работа, влегуваат како сакаат, никој не реагира. Доаѓат, бараат гласови на избори и бегаат“, вели еден граѓанин.
„Никој не е известен, како можат да дојдат така, да влезат дома? Да плашат деца? Ова е срам за државата“, вели друг граѓанин.
Полицијата е во Љуботен со спњецијална единица, а има и хермелини, јавува репортерот на „Независен весник“.