Граѓаните „на мускули“ да ја стопираат изградбата на зградата во Дебар Маало

Засегнатите жители на улица „Благој Давитков“ во Дебар Маало, каде што се гради зграда која „зема“ дел од пристапната улица и надвиснува над неа, да поднесат барање до Градежниот инспекторат на Општина Центар, по што инспекторите би излегле на терен да ја утврдат фактичката состојба.

Улицата, која според Деталниот урбанистички план од 2012 година е проектирана со широчина од 5,5 метри, со изградбата на оваа зграда се стеснува. Тротоар од левата страна не постои, а терасите од првиот кат надвиснуваат над неа.

Од Општината Центар велат дека според вцртаното во Деталниот урбанистички план од 2012 година, постои еден метар слободен простор околу зградата од страната на улицата, кој на терен е узурпиран.

Инвеститор на зградата во изградба е Друштвото за градежништво „Агена“ ДОО од Скопје и „М група“, две фирми сместени на иста адреса, но тие се недостапни за изјава. Изведувач е „Антика – визион“, но и на нивниот телефон никој не се јавува.

Граѓаните се загрижени за безбедноста и сметаат дека нема место да помине брза помош, пожарна или друго возило за интервенции.

Викендов, на неформален собир се собраа револтирани граѓани, кои живеат на улицата и упатија порака до надлежните институции да ја стопираат изградбата на станбениот објект кој се изведува во крајно небезбедни услови.

Велат дека со изградбата се узурпира јавната површина, дека не се почитуваат основните прописи за градба и дека е загрозена безбедноста на жителите на Дебар Маало.

По нивниот протест околу зградата се поставени заштитни мрежи, кои минатата недела ги немаше, но само до висина на приземјето. Градежните работници и во вторникот работеа на изградба на зградата.

За случајот се заинтересира и заменик-министерот за образование Петар Атанасов, кој вели дека граѓаните собрале голем број потписи за стопирање на изградбата на зградата и најверојатно ќе упатат претставки до повеќе институции.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, смета дека токму заради ваквите недостатоци е покренат мораториумот за градба во Општината, со кој би се отстраниле од дуповите.

Н: Граѓаните „на мускули“ да ја стопираат изградбата на зградата во Дебар Маало

Незадоволството порасна откако Уставниот суд донесе одлука да се укине мораториумот, додека не се изјаснат за неговата легалност.