Градскиот парк во Скопје живее без маски


Топлото време и празничниот петок ги измами скопјани да го посетат градскиот парк. 

Млади луѓе, родители со деца, но и возраси граѓани решија денеска да прошетаат низ градскиот парк.

Сепак, покрај тоа што е пандемија од корона вирус, децата се некако најпримерни. Дури и велосипед возат со маска соодветно ставена на носот и устата. Другите… или воопшто не носат маска или таа што ја имаат е спуштена под брадата.

Мора да се признае дека на денешните 30-тина степени Целзиусови во Скопје, тешко се дише со маска, но сепак, официјалните препораки се да се носи маска на отворено особено кога има метеж и не може да се одржува растојание од два метра. 

Сепак, во градскиот парк можеа да се забележат друштва од десетина млади луѓе, кои седеа во круг разладувајќи се со пиво, вино, сокови. 

Дополнително, редици чекаа да земат кафе, пијалок или нешто друго од тезгите низ паркот, а растојанието меѓу нив беше дискутабилно и ретко кој носеше маска. 

Ако се знае дека утре воопшо нема полициски час, односно верниците слободно ќе може да го пречекаат воскресението Хриството во црква, епидемиолошката состојба со корона вирусот, тешко дека ќе се подобри во наредните недели.