Градот Скопје исфрли едно од предложените имиња на улици, реагирала една од заедниците


На денешниот состанок на Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје била донесена одлука од присутните членови да се исфрли името на Али паша Јанински од предлог-листата за имиња на улиците во Скопје, инормираат од градската администрација. 

Од таму велат дека одлуката на оваа комисија доаѓа по реакцијата на една од заедниците во Република Северна Македонија во врска со името на Али паша Јанински, а со цел никој во градот да не се чувствува засегнат или навреден од именувањето на улица или инфраструктурен објект.