Градоначалникот на Москва нареди најмалку 30 отсто вработените да работат од дома
Најмалку 30 отсто од вработените во Москва ќе бидат префрлени на работа од дома, според указот на градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин објавен на неговата веб-страница.
Таа мерка, која не е прецизирана зошто се воведува, не се однесува на лица чие присуство на работното место е од витално значење за нивните организации, како и за самовработените и оние кои имаат официјални сертификати дека биле вакцинирани против Ковид -19.
Мерката исто така не се однесува на вработените во компаниите што работат за Министерството за одбрана и авијацискиот сектор, како и за организациите од системот на вселенската агенција Роскосмос и државната нуклеарна корпорација Росатом.
Во Москва е регистриран скок на бројот на заболени од новиот коронавирус.