Градоначалникот на Крива Паланка бил повикан во полиција
Во врска со пријавата од К.С. во ОВР Крива Паланка дека на 14-ти овој месец бил физички нападнат од С.М., преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и во полициска станица е извршен службен разговор со С.М., како и со сведок на настанот, информираат денеска од МВР.
По целосно документирање на случајот, како што велат од МВР, ќе биде поднесен соодветен поднесок против С.М.. Станува збор за градоначалникот Сашко Митовски кој му удрил два шамари на пријавувачот бидејќи со оштетеното возило му го попречил сообраќајот.