Градоначалникот Ѓорѓиевски организираше забава за учениците со попреченост од Кисела Вода


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа, заедно со својата сопруга и дел од неговиот тим ја организираше традиционалната забава по повод завршувањето на учебната година за учениците со попреченост од основните училишта во Кисела Вода, учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец” и Здружението на родители на деца со церебрална парализа.

-Ова е втора година по ред, а е забава по повод завршувањето на учебната година за учениците со попреченост од основните училишта во Кисела Вода, учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец” и Здружението на родители на деца со церебрална парализа.

 

Овие дечиња, моите најверни пријателчиња сакаат само љубов и внимание и да знаат дека не се сами. Се борам и ќе се борам да имаат еднакви можности и секогаш можат да сметаат на мене како човек, но и како градоначалник.

Сакам да се заблагодарам на вила ,,Касијана” што ги отвори вратите за овие дечиња да можат да се дружат и забавуваат а на вас, другарчиња мои, ви се заблагодарувам на прекрасната вечер.

Секогаш уживам во времето поминато со вас! Се гледаме на следното дружење-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.