Градоначалник на општина навестил апсење на Али Ахмети за неколку дена?!
„Ќе го уапсиме Али Ахмети за неколку дена!“ – наводно изјавил Дарко Костовски, градоначалникот на скопската општина Бутел според информацијата објавена од новинарот Фуркан Салиу.
Тој преку својот профил на Фејсбук пренесува наводна изјава на Дарко Костовски во врска со „претстојното апсење“ на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Инаку, Костовски не навел никаков конкретен детал околу тоа наводно „апсење“.
Сакавме да го интервјуираме за партизацијата и фамилијаризацијата на Федерацијата за теквондо, а тој, штом излезе од автомобилот, ни рече: „Ќе видите за неколку дена кога ќе го уапсиме Али Ахмети“, објавува Салиу.