Градежна „инвазија“ на улиците на Париз, се копа на 6.000 места


Работници на пат на фреквентни места во францускиот главен град, Париз, имаат поставено зелено-сиви огради, поради што движењето низ градот се одвива отежнато, па француските медиуми се прашуваат што се случува.
Можеби е пролет, но не се само цвеќињата тие што цветаат низ целиот главен град, коментира The Local.
Со месеци, големи реконструкции се случуваат низ целиот град, а покрај таа „грдотија“ ( да не ја спомнуваме бучавата) граѓаните не можат нормално да ги завршат дневните обврски движејќи се низ Париз.
Во моментот, се работи на 6.079 места во Париз, и тоа на велосипедски патеки, плоштади, подземни цевководи и трамвај.
Сепак, според Градот Париз, само 459, или седум отсто, се работи кои ги извршува локалната самоуправа.
Дури на  2.164 градилишта работат други компании кои се одговорни за затоплување, гас или електрична инсталација, а 3.461 се приватни градилишта.
Од Градското собрание ја преземаат одговорноста за реорганизација на патната мрежа: „Париз на 21 век не е ист со Париз на 20 век, кој беше „автомобил-центричен“. Во моментот, се реконструираат патиштата, што го отсликуваат тоа“, вели Кристоф Најдовски, кој работи во општината во одделот за транспорт и патување.
Целта е да се обноват седум големи површини во градот, заедно со плоштадот „Бастилја“, за да се овозможи возење велосипед, а и да има повеќе место за пешаци.
Целта на локалната власт е од 700 километри велосипедски патеки планирани во 2015 година до 2020 година да има повеќе од 1.000 километри.
Засега, изградени се 145 километри.

Според парижани, зошто сѐ се случува одеднаш и сега, е фактот што има само една година до локалните избори во 2020 година.

Сепак, заменик-градоначалникот Емануел Грегори ги отфрла овие тврдења.
„Се работи за механика и е поврзано со програмата. Ако гледате дека повеќе работи се случуваат во вториот термин, тоа е така затоа што потребно е многу време за да се направат проектите, да се одобрат  пред конечно да се спроведат“, вели тој.
Но, од Градското собрание велат дека за тоа зошто се работи  на многу места, треба да се обвинат протестите на „жолтите елеци“, затоа што многупати проектите биле одложувани поради најавените протести.
Директорот на „Улици и патишта“ Каролин Гранджан вели: „Градилиштата мора да се што помалку опасни за полицијата. Па затоа, секој петок, ги отстрануваме барикадите, а во понеделник наутро повторно инсталираме сѐ.“