Град во Индија потона 5 см во две недели


 

Во градот Јошимата на северот на Индија, дел од жителите се евакуирани откако во нивните домови последните недели се појавиле алармантни пукнатини.

Досега 600 луше од 145 семејства се преместени во хотели и училишта, откако пукнатините настанале во 750 згради во градот кој има 20.000 жители.

Индиската организација за истражување на вселената објави дека градот потонал 5,4 см во 12 дена, меќу 27 декември и 8 јануари.

Аншу Рават била во длабок сон на 3 јануари кога слушнала гласна бучава. Прво мислела дека сонува, но кога бучавата зајакнала, одлучила да провери што се случува. Надвор посведочила на хаос. Луѓе трчале наоколу во поаника, а некои на раце ги носеле децата, пишува Би-би-си.

Кружеле гласини дека паднал хотелот, но сопругот проверил и тој не бил паднат Сепак, нивната куќа била полна пукнатини, а тие заедно со малата шесмесечна ќерка се качиле на покривот.

Сега се евакуирани во привремено засолниште, оставајќи ја зад себе големата куќа со 10 сои. Имаат само плинска боца, неколку садови за јадење и недоволно кревети.

Стручњаците тврдат дека на градот му се заканува потонување поради непланска градба и недостиг на соодветен систем за одводнување. Уште не е познато колку евакуирани семејства ќе мора да останат во привремените засолништа. Властите велат дека приритет им се спасувањата на животите на луѓето.

Дел од жителите дење престојуваат во своите оштетени куќи за да готват и да се грижат за стоката, а навечер одат во привремените прифатилишта.

Снабдувањето со вода е нередовно и престудено е. Властите порачуваат дека даваат сѐ од себе да им овозможат на жителите удобен престој.