Град Скопје повика да се подмири данок на имот и фирмарина, ќе има присилна наплата


Град Скопје преку соопштение ги повикува граѓаните и фримите даночни и таксени обврзници да ги подмират своите обврски и предупредува дека за оние лица кои не го строиле тоа за комунална такса – фирмарина за 2021, 2022 и 2023 година, како и за должниците за данок на имот, отпочнува со присилна наплата и забрана на користење средства.

„Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатите години неопходно е неодложно и веднаш да ги подмират своите обврски“, велат од Град Скопје. 

Од таму додаваат дека граѓаните по добивањето на решенијата доколку забележат неправилности, истите треба да ги пријават на сајтот на Град Скопје (е-даноци), или преку одделот за пријавување на проблеми (http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/), како и преку телефонските контакти:
За данок на имот: 072/204-434, 02 3297-316, 02 3297-539, 02 3297-280 и
02 3207-546.
За комунална такса-фирмарина: 02 3297-314. 

За присилна наплата: 02 3297-296  и 02 3297-298.

Одговорни лица:
За даночно сметководство:
[email protected]
За данок на имот:
[email protected], [email protected]
За комунална такса – фирмарина
[email protected]