Град Скопје: Објавен е конкурс за визуелни уметности што ќе се реализираат во 2025 година


Фото: Б. Грданоски

Град Скопје денеска информира дека е објавен конкурсот за визуелни уметности, самостојни и групни изложби, инсталации, мултимедијални проекти, перформанси, што ќе се реализираат во 2025 година. 

– Заинтересираните уметници потребно е во консолидиран документ да достават концепт за изложбата, куса биографија и контакт информации, фотографии од нивни дела во висока резолуција планирани за изложбата, доколку изложбата не е подготвена, да се испратат дела од својот опус на [email protected], се вели во соопштението од Град Скопје. 

Конкурсот трае 14 дена, а право на учество имаат сите заинтересирани ликовни уметници кои во Културно-информативниот центар Скопје не изложувале во последните две години.

Изборот на проектите за кој средства се обезбедени од Град Скопје ќе го изврши комисија составена од претставници на Културно-информативниот центар Скопје.