Гоук: Следната недела ќе биде единствената шанса за британските пратеници да не дозволат Брегзит без договор
Следната недела може да биде последната шанса за британските пратеници да го спречат излегувањето на Велика Британија од Европската унија без договор, изјави денеска поранешниот министер за правда Дејвид Гоук.
-Тоа ќе значи дека треба да делуваме што побрзо, рече Гоук.
Одлуката на премиерот Борис Џонсон да го суспендира парламентот до средината на октомври предизвика жестока критика на оние кои тврдат дека тој се обидува да ги спречи пратениците да го блокираат Брегзит без договор.
Гоук за Би-Би-Си кажа дека граѓаните не сакаат Брегзит без договор, но оцени дека опциите на оние кои му се противат на тоа сега се намалени.