Гори Вардариште, црн чад над Аеродром

На локалитетот Вардариште, изгледа повторно се палат кабли, а над Аеродром се издига црн чад.

Денеска околу пладне, над Вардар од страната кај Вардариште се забележува густ црн чад, кој се движи кон Аеродром.
На ова место постојано се палат кабли од кои потоа се вади бакарот за продажба.
Многупати надлежните инспектори, придружени од полиција ги бараат сторителите, но ретко ги наоѓаат.

Додека оние кои остваруваат мала заработка, свесно ја трујат околината, надлежните немаат сигурен механизам со кој ќе го заштитат здравјето на жителите од околните места.