Гори танкер во близина на брегот на Германија (видео)
Рано утрово, танкер со нафта се насука во близина на брегот на Балтичкото Море во северна Германија. Сите седум членови на екипажот се спасени и однесени на брегот, соопштија поморските спасувачки служби.
Три противпожарни чамци се испратени до танкерот „Аника“ во Мекленбуршкиот залив за да го изгаснат пожарот, а неколку противпожарни екипи се на пат со хеликоптер, се вели во соопштението.
Танкерот со германско знаме долг 73 метри носи околу 640 тони нафта, се додава. Бродот е закотвен.