Гори сува трева во Куманово и во Штип


Нови пожари избувнаа денес во Куманово и во Штип, каде според информациите, запалена е сува трева.

Регионалниот ЦУК Куманово известува, според информацијата на Tериторијалната противпожарна бригада Куманово, за пожар на отворено на улицата „Ѓуро Поштар“, каде што гори сува трева и стрниште.

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Куманово интервенираат од 13.52 часот со 1 ПП возило и три пожарникари и екипата сѐ уште е на терен.

Регионалниот ЦУК Штип ја пренесува информацијата од пожарникарите од ТППЕ Штип, дека во 13 часот имале дојава за пожар на запалена сува трева во близина на турски гробишта во град Штип. Екипата пожарникари е излезена со едно теренско возило и со едно ПП возило и со 7 пожарникари.