Гори Националниот парк “Преспа” од албанска страна

Голем пожар брзо се шири е во Националниот парк „Преспа“, во Албанија во близина на општина Пустец.
Пожарникари од општина Пустец, други сили од јавните служби, граничната полиција се на терен, со цел да го спречат ширењето на пожарот. Но, ситуацијата е критична поради високите температури и ветерот кој го распламтува огнот, објави Топ чанел.
Пламенот се заканувал да стигне до граничниот премин „Горица” и до селото Горна Горица, а во гаснењето се вклучиле и македонски хеликоптери.
Според Министерството за одбрана на Албанија состојбата со пожарите во земјава е загрижувачка бидејќи пожари има од југот до северот на земјата.
-Моментно има 17 активни пожари и продолжува работата за нивно изолирање и гаснење. На терен се распоредени над 1.000 воени и цивилни сили, заедно со 5 хеликоптери од армијата, како и еден од Унгарија, а од попладнево и два канадера од Италија и Хрватска, објави Пирот Венгу, министер за одбрана.