Гори катедралата во Руан, Франција (видео)


Во градот Руан, Франција, се запали позната катедрала, а на социјалните мрежи беа објавени видеа од пожарот.

„Пожар избувна во кулата на катедралата во Руан. Во оваа фаза не е познато потеклото на пожарот. Мобилизирани се сите јавни ресурси“, напиша градоначалникот на градот Николас Мајер-Росињол на „Х“.

Да потсетиме, пред пет години во катедрала Нотр Дам во центарот на Париз избувна голем пожар, а од пожарот се урна една од кулите на зградата.