Горан Мисовски и Фадил Зендели предложени за потпретседатели на Собранието


На денешната 22. седница се очекува избор на двајца потпретседатели на Собранието на предлог на владејачкото мнозинство.

Предлозите, според информациите од Собранието, се Горан Мисовски од НСДП, кој и во претходниот собраниски состав беше на оваа функција и Фадил Зендели од Беса.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, а засега нема ниту предлог од Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека нема да гласаат за предлозите за потпретседатели на Собранието.