Good Nature ја збогатува својата палета со три нови чаја, еве кои се


Фото: Б. Грданоски
Ново од Good Nature, конвенционални чаеви во Билна Аптека!
 
Ѝ тоа, шумско овошје, нане со сладок анасон и камилица со рузмарин.
 
Изберете една од трите нови чајни мешавини на Good Nature и вкусете го најдоброто од природата.
 
Нането е добро за стомакот, а во комбинација со сладок анасон го поддржува варењето на храната и помага при надуеност.
 
Камилицата во комбинација со рузмарин има многу лековити својства и помага за различни здравствени состојби, а една од нив е да ги coгорува твpдокорните мacни нacлаги на cтомакот.
 
 

 

Чаевите на АЛКАЛОИД го носат логото GOOD NATURE или ДОБРА ПРИРОДА. Логото означува од каде потекнуваат билките што се користат при подготовка на чајните мешавини. А од каде ако не од добрата, недопрена природа?

Производството на чаевите на Алкалоид АД се одвива според стандардот за квалитет ISO 9001:2008 и ISO 14001:1996 за животна средина, како и HACCP стандардот за производство на безбедна храна. Сертификацијата е извршена од страна на меѓународно признаеното сертификационо тело Quality Austria, ÖQS.

АЛКАЛОИД АД е единствен производител на сертифицирани органски (organic) чаеви во Македонија. Симболот за органски производи и квалитет е добиен со сертификација на трите сегменти: производи, производство и региони од каде се собираат билните суровини. Билните суровини кои се користат при производство се со еколошко потекло, одгледани без употреба на вештачки ѓубрива, пестициди, адитиви и конзерванси и не се озрачени. Сертификатот е издаден од Control Union Certifications и тоа за методи на еколошко производство согласно регулативите на Европската Унија EEC No.2092/91, USDA-NOP (United States Department of Agriculture – National Organic Programme) и JAS (Japanese Agricultural Standards).

Чаевите и помошните лековити средства од Алкалоид АД се строго контролирани производи и се регистрирани во Министерството за здравство на Р. Македонија, односно, имаат Уверенија за здравствена исправност издадени од Републичкиот завод за здравствена заштита.