Голманка обвинета дека е машко: Единствен грев ми е што сум грда


 

Натпреварот меѓу женските репрезентации во фубал на Јордан и Иран, кој се одигра минатиот месец, во последно време е центар на внимание на јавноста поради барање проверка на полот на голманката на репрезентацијата Зора Кудеja.

Ова барање го поднесе јорданскиот фудбалски состав до Азиската фудбалска федерација (АФЦ), уверен дека бил изигран на средбата од квалификациите за Азискиот куп.

Од Јордан потсетија на „историјата на сексуални и допинг скандали“, на инранската репрезентација, и дека по натпреварот на кој изгубија со 2:4 по пенали, побараа истрага.

https://twitter.com/mash9llah/status/1460670290929852416?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1460670290929852416%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fzivot%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2021mm%3D11dd%3D18nav_id%3D2058542

По овој повод се огласи и Кудеја, велејќи дека единствен нејзин грев е што не е убава.

„Жена сум. Ова е апсолутно вознемирување од Јордан“, вели таа за турски „Хуриет“ и најави тужба.

Зора е родена 1989 година и веќе долго брани за иранската репрезентација. Селекторката на екипата Маријам Ирандуст тврди дека „медицинскиот персонал внимателно ги прегледал сите фудбалерки на репрезентацијата“ и им порача на навивачите дека немаат причина за грижа.