Големо шаренило во Советот на Скопје – ВМРО-ДПМНЕ со 17 советници


Советот на Град Скопје

Идниот Совет на Градот Скопје ќе биде најшаренолик досега и ќе бидат потребни повеќе коалициски партнери за мнозинство. Во него има и советници од Левица и граѓанската иницијатива Зелен хуман град.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, вечерва на прес-конференција соопшти дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со 17 советници, коалицијата на СДСМ со 12 советници, ДУИ ќе има 6 советници, Левица 4, а по два советника ќе имаат коалицијата на ЛДП-ДОМ, Алијанса за Албанците/Алтернатива и Зелен хуман град.

Даштевски информира дека советничката листа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје освоила  78.538 гласови, коалицијата на СДСМ добила 52.431 гласови од граѓаните, за листата на ДУИ гласале 26.338 избирачи, за Левица гласот го дале 20.070  гласачи, за коалицијата ЛДП-ДОМ гласале 9.152 избирачи, за коалицијата Алијанса за Албанците гласале 11.447 граѓани, додека за независната листа на група избирачи предводена од Драгана Велковска (Зелен хуман град) гласале 9.062  избирачи.