Големо изненадување на ЕВРО 2020: Чешка ја елиминира Холандија и влезе во четвртфиналето
Првото големо изненадување во нокаут фазата на Европското фудбалско првенство го приреди Чешка.
Чесите заслужено ја совладаа Холандија со 2-0 и се пласираа во четвртфиналето, каде што ќе ги одмерат силите со Данска. Натпреварот ќе се одигра во сабота на 3 јули во Баку, главниот град на Азербејџан.
Клучен момент на натпреварот беше исклучувањето на капитенот на Холанѓаните, Матијс де Лихт поради намерно играње со рака, како и претходната акција во која Холандија испушти стопроцентна шанса да поведе.
Головите беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Томас Холес им донесе водство на Чесите во 68. минута, а конечниот резултат го постави Патрик Шик во 80. минута.
Холандија ги имаше сите три победи во групата, додека Чесите отидоа понатаму како една од третопласираните репрезентации, но победата против Шкотска и ремито со Хрватите очигледно имаа многу поголема тежина отколку што се мислеше.