Голдман Сакс: Европа го реши проблемот со гасот, цените ќе паднат


 

Европските земји можат да ги издржат кратењата на испораките на рускиот гас оваа зима бидејќи проблемите со снабдувањето можеби се „успешно решени“, се вели во анализата на водечката американска банка Голдман Сакс.

Аналитичарите на оваа банка проценуваат дека цената на гасот веројатно ќе се намали за повеќе од половина оваа зима, бидејќи напорите на земјите од ЕУ да избегнат големи недостиг оваа зима се покажаа како ефективни.

Банката очекува европските големопродажни цени за природен гас да паднат од околу 215 евра за мегават час (MWh) на под 100 евра за мегават час до крајот на првиот квартал следната година, под претпоставка за нормални зимски временски услови, соопшти банката во проценката објавена во вторник. Станува збор за бројка која е значително под претходно предвидените 213 евра по MWh, пренесува Гардијан.

Европските земји побрзаа да ги наполнат своите складишта за гас пред зимата, откако руски „Гаспром“ го прекина снабдувањето, вклучително и преку гасоводот Северен тек 1, а избезумената потрага по гас за надополнување на залихите доведе до вртоглаво покачување на големопродажната цена на енергијата. Овој месец „Гаспром“ го продолжи прекинот на протокот на гас преку Северен тек 1, без да ја спомене временската рамка за негово повторно отворање, пишува Јутарњи лист.

Аналитичарите во Голдман Сакс велат: „Скратувањето на испораките на Северен тек 1 на нула на неодредено време ја остава северозападна Европа без никаков руски гас. И додека често го слушаме прашањето какви ќе бидат последиците за складирањето, ние веруваме дека подобар пристап е да се запрашаме какви ќе бидат импликациите врз цената за да продолжи полнењето на складиштата според потребите. Тоа е загатка што Европа успешно ја реши во текот на изминатата година, со комбинација на намалена побарувачка за гас во Европа и меѓу купувачите (на течен природен гас – ЛНГ) на друго место во светот, што резултира со натпросечно со зголемување на залихите“.

Аналитичарите на Голдман Сакс очекуваат капацитетите за складирање на гас да биде пополнети во просек 90 проценти до крајот на октомври, што е повисоко од целта од 80 проценти исполнетост до 1 ноември за целата ЕУ.