Годишно 150 луѓе гинат во сообраќајни несреќи во Македонија


Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со загинувањето на фросина Кулакова, денес на брифинг со новинарите соопшти дека годишно во сообраќајни несреќи во Македонија гинат 15о луѓе и дека тоа е проблем околу кој сите треба да размислат заеднички – како натаму.

Според него ќе се засили превентивата и веќе се обезбедени сретства за проектите „Безбеден град„ и „Безбеден пат“ кои ќе значат 24 часовен мониторинг на сообраќајниците. За да се овозможи тоа ќе биде потребно да се изменат четири или пет закони, при што Мицкоски очекува дека целиот процес ќе биде завршен до идната година. 

Тој исто така соопшти дека годишно се прават над 22.000 прекршоци во земјата, од типот возење без возачка дозвола, под дејство на алкохол и непочитување на сообраќајните знаци, и дека сите тие со овие два системи ќе бидат опфатени, а казните сторителите ќе ги видат директно на сметките, од кои ќе им се симнуваат пари. 

Според Мицкоски, критичните раскрсници во Скопје и сега се покриени со камери, но нема законска основа да се наплаќаат казни . Околу дилемите што може да фатат камерите и како ќе ги распознаат прекршителите, Мицкоски рече дека имаме обезбедено од порано врвна израелска технологија која може да се мери со таа во европските и светски метрополи и дека не само што снима прекршоци, туку и „препознава„ со вештачка интелигенција. Тој најави дека ќе има шест месеци период за адаптација кога ќе се праќаат само предупредувања, а потоа ригорозно ќе се казнува. 

Околу забелешката зошто нема полицајци да го контролираат сообраќајот на улица Мицкоски иако се вработуваат по 500 секоја година, тој  рече дека бројот е сепак недоволен и дека зазмислуваат со законски измени да овозможат тие што се над 60 години да останат на работа.