Го фатиле како краде автомобили на бул „Борис Трајковски“
Во понеделникот во 5 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(36) од Скопје.
Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во салон за автомобили и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од кривичниот законик.