Го елиминираше Ѓоковиќ од УС Опен, па изгуби од Тиафо
Френсис Тиафо е миленик на публиката од Њујорк од 2022-ра година и незаборавниот пат кој го имаше до полуфиналето, но сега Американецот е на еден чекор од израмнување на ист резултат, откако рано утрово го надигра „џелатот“ на Новак Ѓоковиќ.
Френсис ќе играше со Ноле доколку не дојдеше до изненадувачка победа на Попирин, па признава дека за време на осминафиналето цело време му се вртеле во глава и таа помисла.
– Кога излегов на теренот, на Попирин не гледав на играч кој е подобар поради тоа што го победи Ѓоковиќ, повеќе во глава ми стоеше дека Новак е елиминиран и тоа беше како олеснување. Алексеј игра неверојатно лето, ја освои титулата во Монтреал и играше три пати против Ноле оваа година. Тој и претходно му зема доста сетови и сега направи исчекор.
– Секако дека победа над Новак е голема работа, но јас не мислев на тоа, мислев на себе и на фактот што Ѓоковиќ е елиминиран. Знаев дека морам да одиграм на највисоко ниво и продолжувам со истата мисла. Одиме од ден во ден, па ќе видиме до каде ќе стигнам. Сега најважно е да се опоравам и да бидам фокусиран во четвртфиналето, – изјави Тиафо.