Глорија Естефан го славеше наследството на латино музиката во Лас Вегас 


Лас Веегас– Ајде, протреси го телото! Латино иконата Глорија Естефан, синоќа, ја придвижи церемонијата на доделување на Американски музички награди со микс од нејзините хитови подготвени за танцување.

Џенифер Лопез го претстави настапот, на кој Естефан започна со изведба на „Rhythm Is Gonna Get You“ од албумот Let It Loose на Miami Sound Machine. Поп-ѕвездата ја трансформираше сцената во Лсс Вегас во ноќен клуб во Мајами, комплетно со неонски светла и палми околу неа додека блескаше во класичен црн топ со светки и кадифени панталони.

Пред да ја изведе својата нова песна „La Vecina (No Sé Na’)“ од нејзиниот претстоен ЛП Raíces, Естефан ја посвети песната „на сите оние љубопитни соседи што ги сакаме“. Латино кралицата на кросовер го заврши својот настап со мешавината со нејзиниот хит „Conga“. Естефан не дозволи моментот да исчезне без да ја одбележи трајната моќ на песната. „Среќен 40-ти роденден „Conga“, знаеш што, сè уште го имаш“, се пошегува пејачката пред да запее.

Ова е првпат Естефан да настапува на сцената на AMA по повеќе од 30 години. Во текот на својата кариера, Естефан доби две номинации за AMA: во 1990 година за „Don’t Wanna Lose You“ во категоријата Омилена поп/рок песна и номинација за Омилена поп/рок жена изведувачка во 1994 година. Во 2000 година, латино иконата беше наградена и со Награда за заслуги на шоуто.

Настапот на Естефан во понеделник доаѓа само неколку дена пред Естефан да го издаде својот албум Raíces, нејзиниот прв целосно шпански албум од 90 Millas од 2007 година. Таа го предводеше албумот со насловната песна, а потоа со „La Vecina (No Se Ná)“ на 1 мај. Естефан, исто така, објави дека прави мјузикл, Basura, за оркестар од старо железо, заедно со нејзината ќерка Емили. Премиерата е закажана за мај 2026 година во Атланта.

Доделувањето на наградите „АМА“, синоќа, во „Фонтенбло“ во Лас Вегас, го означи враќањето на доделувањето на наградите од 2021 година. Џенифер Лопез беше водител на шоуто, а вечерта беше триумф за Били Ајлиш која освои седум награди од седум номинации. (Ролингстоун)