Глобалната суша носи годишен трошок од 300 милијарди долари


Сушата го чини светот повеќе од 300 милијарди долари секоја година, предупредија Обединетите нации денеска во извештај објавен на вториот ден од меѓународните разговори за дезертификација во Саудиска Арабија.

Поттикната од „човечкото уништување на животната средина“, се предвидува дека сушата ќе погоди 75 отсто од светското население до 2050 година, се предупредува во извештајот.

Се вели дека кризата веќе надминала трошоци од 307 милијарди американски долари годишно низ целиот свет.

Предупредувањето се совпаѓа со 12-дневниот состанок во Ријад за 16-тата сесија на Конференцијата на страните (COP16) според Конвенцијата на ОН за борба против дезертификација (UNCCD), со цел да се заштити и обнови земјиштето и да се одговори на сушата во услови на тековни климатски промени.