Главниот истражител во процесите против Навални доби унапредување


Роман Видјуков

 

Рускиот истражител за особено важни случаи, полковник Роман Видјуков, кој водеше случаи против опозицискиот политичар Алексеј Навални, е унапреден. Ова го објави екс-директорот на Фондацијата за борба против корупцијата, Иван Жданов, на својот Телеграм канал.

„Иследникот Видјуков е главен истражител во случаите против Навални. Беше истражител, а сега е заменик-началник на Главното одделение за истраги“, напиша Жданов.

Видјуков го водеше случајот за измама на Навални, како и неколку други истраги од висок профил: случајот на поранешниот министер за економски развој Алексеј Уљукаев, случајот на поранешниот началник на областа Серпухов во московската област, Александар Шестун.

На 20 февруари Путин му додели специјален чин генерал-полковник на првиот заменик-директор на Федералната казнена служба на Русија Валериј Бојаринев. Бојаринев ја доби новата титула три дена по ненадејната смрт на Навални во поправната колонија бр. 3 во Јамало-Ненецовиот автономен округ.