Главната норвешка енергетска фирма го заврши излегувањето од Русија
Норвешката енергетска компанија „Еквинор“ соопшти дека целосно го завршила повлекувањето од Русија.
Во мај, „Еквинор“ги објави своите планови да се повлече од четири заеднички вложувања со руската нафтена компанија „Роснефт“ и да го остави нафтено поле, проектот Харјага.
Тој излез е завршен и „нема преостанати средства или проекти во Русија“, рече „Еквинор“.
Тоа е првата голема западна нафтена компанија која целосно се повлече од Русија, според Ројтерс.
Другите големи фирми како „Ексон мобил“, БП и „Шел“ и француската компанија „Тотал“се обврзаа да се повлечат од земјата или да ги стопираат инвестициите, но тие сè уште се во процес на завршување на излегувањата.
Во мај, „Шел“ ја објави продажбата на својот руски лубрикантски и енергетски бизнис на мало, но рече дека сè уште е во процес на постепено укинување на другите руски бизниси.
Во февруари, БП соопшти дека ќе го напушти својот удел од 19,75 отсто во „Роснефт“, но рече дека санкциите и руските правила значат дека сè уште не може да ги продаде своите акции.
„Тотал“ продаде некои од своите руски нафтени полиња, но вели дека зделките ќе бидат завршени до подоцна во септември.
„Ексон мобил“, исто така, ги претстави плановите за напуштање на своите операции во енергетскиот проект Сахалин-1 и рече дека повеќе нема да инвестира во нови развои во Русија.