Ѓорѓиевски уште се правда со Арсовска, не ветувал чуда


 

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека  третирањето на контејнерите во Кисела Вода и во другите општини од страна на Комунална хигиена било удар кон градоначалниците.

„Граѓаните не треба да ги интересира чија надлежност е контејнерот, тука ќе има сериозни постапувања, гледам дека има сериозни заложби од институциите, особено од Финансиската полиција која работи на неколку предмети, но не смеам да обзнанувам детали во јавност“, вели Ѓорѓиевски. Тој додава дека сето тоа било смислено сценарио на одредени поединци.
 
„Се знае кој е тој што е со име и презиме, а тоа е мојата претходничка Данела Арсовска која имала команда одговорност“, додаде Ѓорѓиевски.
 
Тој  истакна дека не може и не ветил дека преку ноќ ќе направи чуда.Како што вели, тоа е невозможно и неодговорно од политичар да го каже.
 
„Граѓаните да имаат трпение, јас знам, сите го живееме овој проблем години наназад, децении наназад, но не можам и не сум ветил дека преку ноќ ќе направам чуда затоа што тоа е невозможно и неодговорно од политичар да го каже“, вели Ѓорѓиевски.