Ѓорѓиевски: Плац, Марино, Мралино и Кадино ќе добијат канализација


Водоводна мрежа и фекална канализација на повеќе села кои гравитираат во општина Илинден, вети Александар Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник.

„Би сакал како градоначалник да придонесам моите сограѓани да имаат подобри услови за живот, Илинден да го направиме подобро место за живеење и понапредно, за тоа што Илинден го заслужува тоа. Илинден е приградска општина која се наоѓа на самата порта пред Скопје и има одлична местоположба. Местоположба која што е и те како многу битна не само за Илинден, туку за целата држава. Ние се наоѓаме на еден крстопат каде што се сечат двата главни коридори Коридорот 8 и Коридорот 10, и тука е и железницата, тука е и аеродромот, тука е технолошко индустриската развојна зона. И сметам дека тоа се и те како многу добри услови за уште побрз и подобар развој на самата општина и уште подобра можност да го подигнеме квалитетот на живеење на граѓани во Илинден“, појасни Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека во наредниот период откако ќе стане градоначалник ќе се насочи и кон фекалната канализација и спроведување на атмосферски води.

„Илинден, особено поголемиот дел од населението во Илинден живее на простор, на место каде што е изложено на атмосферски води. Околу 7.000 домаќинства, дали околу 1.000 домаќинства се спроведени со фекална канализација. Другото население не е. И за тоа сметам дека во наредниот период ќе направиме да се интензивира овој процес. Значи што повеќе населени места и граѓани да бидат вклучени во системот на водната канализација, пред сѐ тука сметам на делови од Илинден како што е местото викано Плац, Марино во делот на улица 500, Мралино комплетно нема канализација, добар дел од Кадино нема, значи тука ќе биде најголемиот акцент за ставање на водоводна мрежа“, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски укажа дека планира и модернизација на водовод, бидејќи здравата вода е битен ресурс за живеење.

„Во однос на урбанизацијата во наредниот период ќе треба да почне со процес на урбанизација, носење на локални урбанистички планови се со цел на нивно вклопување во процесот на легализација, да можат граѓаните да си имаат соодветни документи да можат да си градат. Дури и предвидуваме уште една локална екомономска зона која што ќе донесе нови работни места“, нагласи Ѓорѓиевски.