Ѓорѓиевски: На 15 декември заедно да го осветлиме Скопје


Фото: Б. Грданоски

 Град Скопје најави настан за осветлување на градот на 15 декември во 18 часот на плоштад „Македонија“, за почеток на новогодишните и божиќните празнувања.

Фото: Б. Грданоски

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги повикува скопјани на 15 декември во 18 часот на плоштад Македонија „заедно да го осветлат градот и да споделат празнична магија“.

– Почитувани скопјани, драги родители, најдраги дечиња. Нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија.А сите ние – и младите, и возрасните ја заслужуваме таа топлина што ја носат Новогодишните и Божиќните празници. Затоа, со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и вашите омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите. На 15 декември, во 18 часот, на плоштадот „Македонија“, заедно со вас ќе го осветлиме градот и после неколку години ќе ја почувствуваме првата искра на празничниот дух, вели Ѓорѓиевски, во пишана изјава.

Фото: Б. Грданоски

Најавува дека веќе од наредниот ден, па сѐ до Нова година, ќе следуваат секојдневни настани и забави за сите генерации. – А дочекот, ви ветуваме, ќе биде спектакуларен и незаборавен!, истакнува скопскиот градоначалник.

Фото: Б. Грданоски