Ѓоргиев не прифаќа вонреден состанок на заедничката комисија со Бугарија

– Не прифаќаме вонреден работна средба. Редовниот работен состанок ќе се одржи на 12 и 13 септември, вели Ѓорѓиев во изјава за Телевизија 24.
Според него, доколку се отвори идентитетското прашање за Гоце Делчев, односно ако се инсистира да се договори неговиот идентитет, тогаш најверојатно преговорите ќе пропаднат.
-Барањето да се реши прашањето за Гоце Делчев веднаш и инстант со цел да се задоволи некоја, во овој случај политичка потреба, може негативно да влијае на работата на комисијата, смета Ѓоргиев.