Ѓоковиќ во кампања за новиот Peugeot 508 PSE: Понекогаш тишината е најдобар начин да бидете слушнати
Франција- Тенискиот шампион Новак Ѓоковиќ – светски рекет број еден на АТП ранг-листата, победник на Отвореното првенство во Франција во 2016 година и амбасадор на брендот – е главниот протагонист на новата рекламна кампања за 508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED, која започна на 30 мај, денот на отворањето на Отвореното првенство во Франција,
Извонредност, привлечност, емоција се основните вредности на PEUGEOT, кои ги споделува шампионот Новак Ѓоковиќ. Амбасадорот на PEUGEOT исто така го држеше првото место на АТП ранг-листата 322 недели – историски рекорд, серија што сè уште трае.
Темата на рекламната кампања за 508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED е тишината во комбинација со перформансите. Тоа покажува дека, благодарение на електричната технологија, најмоќниот сериски автомобил некогаш произведен од PEUGEOT, може да испорача еколошки перформанси, и од аспект на бучава и емисија на штетни гасови. Тука може да се направи паралела со Новак Ѓоковиќ, кој е познат по тоа што бара молк пред да се впушти во рели на теренот.
Извор: PR Peugeot