Ѓоковиќ утре ќе се соочи со Синер во полуфиналето на Австралија Опен


Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ утре во 9:30 часот по средноевропско време ќе игра против Италијанецот Јаник Синер во полуфиналето на Австралија Опен, објавија организаторите на турнирот во Мелбурн.

Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Синер е закажан како трет натпревар за денот на Род Лејвер Арената. Двочасовната програма на овој терен се отвора со финалниот натпревар во мешаната конкуренција, во кој се среќаваат Кристина Младеновиќ (Франција)/Мануел Гинар (Франција) – Оливија Гадецки (Австралија)/Џон Пирс (Австралија).

Потоа, во првото полуфинале во машка конкуренција во 4:30 часот ќе играат Шпанецот Карлос Алкараз и Германецот Александар Зверев.