Ѓоковиќ трет на АТП листата, Алкараз убедливо прв


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за една позиција на најновата АТП листа, која беше објавена денес, и моментално е трет играч во светот со 5.280 поени.

По освојувањето на Австралија Опен, Шпанецот Карлос Алкараз ја зголеми својата предност на врвот на АТП листата во однос на другите тенисери и сега има 13.650 поени. Алкараз го победи Ѓоковиќ со 2:6, 6:2, 6:3, 7:5 во финалето на Австралија Опен во неделата. Италијанецот Јаник Синер е втор тенисер во светот со 10.300 поени, додека Германецот Александар Зверев падна на четвртото место со 4.605 поени.

Италијанецот Лоренцо Мусети ја задржа својата петта позиција на АТП листата, додека Австралиецот Алекс де Минаур останува шести рангиран тенисер во светот. Американецот Тејлор Фриц го подобри својот ранг за две места и моментално е седми играч на АТП листата, додека Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим е осмиот тенисер во светот. Американецот Бен Шелтон падна на деветтото место на листата на најдобри тенисери во светот, додека Александар Бублик од Казахстан е на 10-та позиција.