Ѓоковиќ стартуваше со победа на Вимблдон


Лондон – Седумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ со победа го започна годинашниот свој настап.

За најтрофејниот светски тенисер ова е 20-ти настап на неофицијалното светско првенство, на кое ќе го брка 25-от трофеј на Гренд слем турнирите.

Во мечот од 1.коло што траеше 3 часа и 20 минути, Ѓоковиќ го совлада Французинот, Муле во четири сета (3:1)

Првиот Србинот го доби убедливо со 6-1, а во вториот Французинот беше подобар во тај-брејкот.

Сепак искуството и квалитетот на Ѓоковиќ дојде до израз во следните два сета во кој Новак на противникот му препушти по два гема 6-2 и 6-2.

По мечот Ѓоковиќ истакна дека не би бил во Лондон доколку не чувствува дека може да го освои трофејот.