Ѓоковиќ со пресврт се пласираше во второто коло на Мастерсот во Париз


Париз – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се квалификуваше за второто коло на Мастерсот во Париз. По голема борба и пресврт, тој го победи Валентин Вашеро од Монако со резултат 2:1 (6:7 (5), 7:5, 6:1).

Оваа победа има посебно значење, бидејќи Ѓоковиќ се бори и за место на завршниот Мастерс турнир во Торино, главниот град на Франција .

За тој потфат ќе му треба барем полуфиналето на турнирот, а во зависност од резултатите на другите натпреварувачи, можеби ќе оди и во финалето.

Иако изгледаше како невозможна мисија да го земе сервисот на Вашеро, кој имаше предност од сет и брејк, Ѓоковиќ успеа да направи голем пресврт против ривал кој е во форма, и кој дојде во Париз по титулата во Базел.

Во второто коло ќе игра против Ринки Хиџиката од Австралија. Ѓоковиќ победи во двата меѓусебни натпревари одиграни во 2025 година.