Ѓоковиќ против Алкараз за златото на Игрите во Париз


 

Париз – Го дознавме и вториот финалист на машкиот тениски турнир на Олимписките игри, тоа е Новак Ѓоковиќ кој со 2:0 во сетови го совлада Италијанецот Лоренцо Музети.

Така, Ѓоковиќ го обезбеди вториот медал за Србија на ОИ, претходно со злато се закитија стрелците Зорана Аруновиќ и Дамир Микец.

Ова е прво олимписко финале во кариерата на Ѓоковиќ, до сега најголемиот успех го имаше на Игрите во Пекинг во 2008 година кога дојде до бронзата.

Српскиот тенисер го освои првиот сет со 6:4, а во вториот беше уште поубедлив триумфирајќи со 6:2.

Противник на Ѓоковиќ во финалето за златниот медал ќе биде Шпанецот Карлос Алкараз кој претходно беше подобар од Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

Во мечот за бронзениот медал на Игрите во Париз ќе се сретнат Музети и Оже-Алијасим.