Ѓоковиќ објасни зошто го избрал Мареј за нов тренер
Тенискиот свет не престанува да зборува за потегот на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ кој за тренер го ангажираше поранешниот голем ривал Енди Мареј.
Сега еден од најдобрите тенисери на сите времиња се обиде на сите подетално да им објасни зошто се решил на ваков потег.
„Поминував низ процесот на размислување за следната сезона и се обидував да разберам што ми треба во оваа фаза од кариерата. Во март ја прекинав соработката со Горан Иванишевиќ, со кого имав успех со години. Ми требаа шест месеци за убаво да размислим дали ми треба тренер и, ако е да, кој ќе биде. Во игра беа различни имиња, сфатив дека совршен тренер за мене во овој момент би бил некој што минал низ истото низ што минувам и јас. Веројатно повеќекратен Грен слем шампион, поранешен број еден“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Размислував за тие луѓе, а потоа се појави дискусијата за Енди Мареј. Тоа го фати неподготвен, не очекуваше. Брзо се поврзавме и по неколку дена прифати“.
Несомнено е дека двајцата ги очекува период на предизвици и многу работа, а пред Ѓоковиќ е година на уживање и фокусирање на најголемите турнири.
https://twitter.com/BastienFachan/status/1862508523256463362?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1862508523256463362%7Ctwgr%5E048551fb9c909138aeb935efbddcb7887b4b6379%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fgokovik-objasni-zoshto-go-izbral-marej-za-nov-trener