Ѓоковиќ нема да престојува во олимпиското село – потребен му е мир!

Со цел подобро да се фокусира, Новак Ѓоковиќ одбил да престојува во олимпиското село, наместо тоа се одлучил на изолација со цел да го има потребниот мир и фокус пред натпреварите.
Тенискиот турнир на ОИ во Париз ќе се игра на терените на Ролан Гарос, а мечевите ќе почнат од сабота.
За разлика од сега кога се одлучи на изолација, Ѓоковиќ на Олимписките игри во Токио размислуваше поинаку, тогаш престојуваше во олимпиското село и беше пресреќен поради тоа.
„Уживам во секоја секунда, на место со повеќе од 10.000 спортисти, разменуваме знаења, животни приказни и работи од спортот. Такво искуство не може да се добие на ниту едно друго место“, велеше тогаш Ѓоковиќ.
Но, сега работата е да се биде или не, па српскиот тенисер се одлучи за мир.
На Новак Ѓоковиќ му недостасува злато од Олимписки игри, а престојната Олимпијада во Париз е неговата последна шанса да дојде до тој успех.