Ѓоковиќ испиша историја: Надал за прв пат загуби полуфинале на Ролан Гарос


Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер кој го победил кралот на земјените терени, Рафаел Надал, во полуфиналето на Ролан Гарос со 3: 6, 6: 3, 7: 6 (4), 6: 2.

Српскиот тенисер го победи Надал, освојувачот на 13 титули во Париз, во епски натпревар по четири часа и 11 минути. Ѓоковиќ во недела ќе игра против Циципас за трофејот во Париз и ќе се обиде да стигне до втората грен слем титула на Ролан Гарос, и вкупно 19-та во кариерата.

Инаку, мечот не започна добро за Ѓоковиќ. Веќе во првиот гем, Ѓоковиќ промаши две брејк топки, па веднаш падна психички и Надал поведе. Ѓоковиќ рано направи брејк во вториот сет и поведе со 2: 0, но Надал се врати. Новак повторно направи брејк за 4: 2, а потоа го донесе сетот на крај со 6: 3.

Во третиот сет Ѓоковиќ прв направи брејк, при резултат 2: 2, но шпанскиот тенисер веднаш возврати, по што Ѓоковиќ направи нов брејк за 4: 3. Но, тоа не беше крајот. Во четвртиот сет ја видовме тоталната доминација на Ѓоковиќ. Иако Надал поведе со 2: 0, Новак во серија овои шест гема и стигна до голема победа.

Во другото полуфинале, петтиот тенисер во светот, Гркот Стефанос Циципас се пласираше во финалето на Ролан Гарос откако денес во Париз го победи Германецот Александар Зверев со 6: 3, 6,3, 4: 6, 4: 6, 6: 3. Гркот стигна до победа над шестиот играч во светот по три часа и 36 минути игра за првото финале во гранслем турнирите во кариерата.

Ова беше нивна осма пресметка и шеста победа на Циципас. Првиот Грк во едно гренслем финале до сега ги загуби сите три полуфиналиња на најголемите турнири.