Ѓоковиќ и натаму е втор тенисер во светот, Синер го држи првото место на АТП листата


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа второто место на најновата АТП листа, која беше објавена денеска, додека прв и понатаму е Италијанецот Јаник Синер.

Италијанецот е на првото место на АТП листата со 9.410 бодови, додека Ѓоковиќ е втор со 7.460. Ѓоковиќ загуби 1.000 поени во однос на минатонеделната листа, бидејќи не учествуваше на Мастерсот во Синсинати. Српскиот тенисер минатата година ја освои титулата во Синсинати.

Следната вечер Синер ќе игра во финалето на Мастерсот во Синсинати против Американецот Френсис Тиафо.

Трет тенисер во светот и натаму е Алкараз со 7.360 поени, а зад него се Германецот Александар Зверев и Даниил Медведев од Русија.

Рускиот тенисер Андреј Рубљев е шести во светот, а потоа следат Полјакот Хуберт Хуркач, Норвежанецот Каспер Руд, Бугаринот Григор Димитров и Австралиецот Алекс де Минор.