Ѓоковиќ и Алкараз тргнаа моќно во Париз


Париз- Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз на доминантен начин го започнаа настапот на тенескиот турнир во поединечна конкуренција на Летните Олимписки Игри во Париз.

 

Србинот и Шпанецот се главни фаворити за златото во француската престолнина, а дека се максимално сериозни, посветени за да стигнат до самиот крај говорат денешните изданија во првото коло.

 
Ѓоковиќ го разби подзаборавениот Метју Ебден со 6-0 и 6-1 за помалку од еден час игра. Ебден веќе долго време не игра во сингл и ова издание само потврди зошто е фокусиран само на натпреварите во двојки.
 
Српскиот ас во следната рунда ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Шпанецот Рафаел Надал и Унгарецот Мартон Фучович. 

 

Алкараз пак против Хади Хабиб славеше со 6-3 и 6-1 по точно 1 час и 12 минути игра.