Ѓоковиќ го победи Надал и избори осминафинале на Олимпијадата

Париз – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, попладнево го победи Шпанецот Рафаел Надал со 2:0 и се пласира во осминафиналето на Олимписките игри во Париз.
Во првиот сет, Србинот беше убедлив и го славеше со 6:1.
Вториот сет почна со четири врзани гема на Ѓоковиќ, Надал се врати израмнувајќи на 4:4, но до крајот српскиот тенисер успеа да дојде до 6:4 за конечен триумф.
Шпанецот е далеку од својата најдобра форма и физичка подготвеност дури и на омилената подлога, а Ѓоковиќ го искористи тоа за да го добие мечот од второто коло без загубен сет и по 104 минути на теренот. На париската земјена подлога, Надал освои вкупно 14 титули на Ролан Гарос.
Сега меѓусебниот биланс на двајцата тениски великани е 31:29 за Ѓоковиќ.
Во осминафиналето Ѓоковиќ за противник ќе го има подобриот од сребата помеѓу Доминик Копфер и Матео Арналди.
Надал останува дел од ОИ во Париз, каде продолжува во игра на двојки заедно со Карлос Алкараз.